четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 88
home Живот и стил

Совет на лекари: Престанете веднаш да гуглате за своите здравствени проблеми

Совет на лекари: Престанете веднаш да гуглате за своите здравствени проблеми

На неодамна завршен здравствен самит во Хановер е заклучено дека „постојаната достапност на медициснки информации е со сомнителна точност на интернет и врз пациентите делува вознемирувачки“.

На конференцијата беа професионалци, политичари, научници и расправаа за дигитализација на здравствената сфера.

Претседателката на лекарската комора на Долна Саксонија, Мартина Венкер укажа на се поширока појава на „киберхондрија“, невтемелен страв од сериозна болест по пребарување симптоми на интернет.

Таквите пребарувања само засилуваат страв на луѓето подложни на хипохондрија, покажуваат студии.

– Најдобро се остварува комуникација со пациент во четири очи, вели Венкер.

Според студија, половина од германските корисници на интернет барем еднаш месечно пребаруваат здравствени теми.

Пред посета на лекар тоа го прават 58 отсто, а откако ќе добијат дијагноза – 62 отсто. Нешто повеќе од половината испитаници биле задоволни со тоа што ќе го најдат на интерент.