вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Живот и стил

Сократовиот метод за подобар живот- овие совети мора да ги прочитате

Сократовиот метод за подобар живот- овие совети мора да ги прочитате

Сократ не остави ниту едно пишано дело до крајот на својот живот, а сепак помогнал многу во основањето на темелите на западната филозофија во однос на добриот живот. Нештата кои тој ги пропагирал биле длабоки, универзални и толку вистинити што и денешниот современ човек може да ги примени доколку сака да го подобри својот живот. Еве ги неговите совети.

1. Живејте ја својата визија

„ Бидете онакви какви што сакате да станете“- Сократ.

Додека има и онакви кои немааат сништа и амбиции, постојат и оние кои би дале се на светов за да видат како се реализираат себеси како личност. Сократ сфатил дека моќта да станеме она што сакаме лежи во нашата одлука таквии да бидеме. Еднаш кога ќе донесете одлука и ќе тргнете во акција, никој не може да ве сопре.

2. Бидете свесни за своите ограничувања

„ Знам дека сум интелигентен, бидејќи знам дека ништо не знам“- Сократ.

Сите имаме некоја личност во животот која има одоговр на се, без оглед за каква ситуација станува збор, без оглед дали е нејзино/негово поле на интерес или дали воопшто знае за што зборува. За таквите луѓе поважно е да го наметнат своето мислење, отколку да дадат паметен одговор. Но, интелигенцијата се наоѓа во способноста да се каже „Не знам што е најдоброто нешто“. Затоа дознајте ги областите во кои не сте баш најстручни и не се обидувајте секогаш да дадете одогвор на секое прашање.

3. Проширете ги своите хоризонти

„ Образованието значи да се разгори огинот, не да се наполни садот“- Сократ.

Образованието е одлично средство да ги отвориме очите и да го прифатиме фактот дека „не знаеме ништо“, како што кажал Сократ. Образованието треба да направи да предизвикувате се што се наоѓа во ваша околина. Ова делува помалку застрашувачки, но образованието има способност да ги утврди нештата онакви какви што се и да им даде вистинска вредност. Тоа помага да го основаме темелот на животот, а воедно и вистината.

4. Она што го имате е доволно

„ Оној кој не ужива во она што го има, нема да ужива и во она што посакува да го има“,- Сократ.

Немојте да правите грешки на тој начин што ќе барате задоволство и среќа во некои далечни цели. Среќата се состои во тоа да уживаме во она што го имаме, без оглед на околностите. Сократ не обесхрабрува во поставувањето на цели, далеку од тоа. Но, тој тврдел дека мора да бидеме способни да уживаме во она што ни го дава животот, бидејќи инаку нема да уживаме и во она кон кое што целиме.

5. Дефинирајте што сакате

„ Почетокот на мудроста е во дефиницијата на изразот“- Сократ.

Колку луѓе во вашиот живот посакуваат среќа, успех и љубов? Ова е сосема вообичаено за најголем дел од луѓето. Но, проблемот е во тоа што луѓето не само што треба да внимаваат што посакуваат, туку и точно да знаат што посакуваат. Тоа значи дека овие три збора треба точно да ги дефинирате. Што е за вас успех? Што ќе ве направи среќни? Каква љубов ви е потребна? Дефинирајте ги целите кон кои се движите, за да останете секогаш на вистинскиот пат.