вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 108
home Живот и стил

Соединете ги дланките и дознајте какви сте во љубовта (ВИДЕО)

Соединете ги дланките и дознајте какви сте во љубовта (ВИДЕО)

Според хиромантијата, линијата на срцето е најголемата линија на дланката и ги претставува вашите чувства. И кога ќе ги поврзете дланките со партнерот и ќе ги споредите вашите срцеви линии, можете да дознаете во каква љубов се наоѓате, но исто така и во сексот, и вие и вашиот партнер. Проверете.

Треба да ги поврзете отворените дланки и да проверите каде се спојуваат срцевите линии.

Ако линиите се рамни

Овие луѓе имаат нежен карактер важно им е што мислат другите за нив. Тие бараат сериозна врска и не се склони кон чести промени. Ако партнерските линии се поврзани на ниво, вие сте среќник! Тој сака да помине многу време со вас, и тоа не е некој што ќе ве залажува.

Ако линијата на левата рака е помала

Овие луѓе ги сакаат постарите партнери и се многу мудри. Тие се многу романтични, не се грижат за социјалните правила и бараат љубов.

Тие често се потпираат на нивното шесто сетило кое што ретко ги изневерува.

Ако линијата на левата рака е поголема

Тие не ја гледаат љубовта како главна причина за нивната среќа. Не брзајте во сериозна врска. Откако ќе изберат некого за себе, обично е некој кој е многу помлад од нив или друга националност. Тие се многу сигурни и имаат јасни цели во животот. Пречките и проблемите се надминуваат без проблем.