четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 53
home Живот и стил

Со ригорозните диети си правите повеќе штета, еве зошто се тие неуспешни долгорочно

Со ригорозните диети си правите повеќе штета, еве зошто се тие неуспешни долгорочно

Кога го изложувате телото на намалено внесување на количина на храна или скратување на одредена група храна, резултатите можеби ќе бидат видливи за скоро време, но штом престанете да го правите тоа и се вратите на старите навики, килограмите ќе се вратат, а можеби ќе бидат проследени и со здравствени проблеми.

Ваквите методи и режими се неодржливи на подолг период бидејќи во поголемиот број случаи, едноставно не можете да бидете функционални и да имате енергија. Не е ништо ново кога ќе речеме дека умереноста е клучна за многу работи во животот, а тука спаѓа и храната.

Ригорозните диети, оние што се темелат на ограничување на количините и видот на храна, можеби се добредојдени кога е потребно за кратко време да се симнат повеќе килограми, како на пример пред операција или ако сте решиле да направите драстична промена во изгледот и начинот на живот, на пример мора да ослабете за да може да почнете да се занимавате со некаква физичка активност.

Она што не смеете да го заборавате е дека по ригорозната диета треба да се држите до исто така контролиран режим на исхрана, но не и да се прегладнувате или лишувате од одредена храна што ви е потребна за нормално функционирање.

Освен ако немате медицинска потреба од тоа, не скратувајте ниту една група храна од вашето мени. Она што треба да го скратите, не само поради вишокот килограми, туку и поради квалитетот на живеењето, е брзата и пржена храна, газираните пијалаци и претераната количина благо.

Кога сте решиле да слабеете, прво направете контрола на порциите, избирајте здрави намирници и здрав начин на готвење, почнете со редовна физичка активност и најважно од се: имајте реални очекувања од вашето тело.

ЕУРО 2020

Македонија