четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Живот и стил

Со овој проблем се соочуваат многу жени после пораѓање: Овие совети можат да ви помогнат!

Со овој проблем се соочуваат многу жени после пораѓање: Овие совети можат да ви помогнат!

Опаѓањето на косата по породувањето е еден од најчестите естетски, но и здравствени проблеми со кои се соочуваат жените.

Оваа појава ја забележале 40-50% од жените по породување, но за среќа состојбата е привремена.

Кои се причините за опаѓањето на косата, како функционира тогаш телото и што можете да преземете во врска со тоа?

Фази на растење и мирување на влакното

Околу 90% од косата расте во секој миг, а 10% од влакната се во фаза на мирување. На секои два до три месеци косата што мирувала почнува да опаѓа, а на тоа место расте нова коса. Опаѓањето на косата поврзано со бременоста најчесто се случува по породувањето, а поретко во текот на самата бременост. Што се случува? За време на бременоста поголем број влакна влегуваат во фаза на мирување која е нормален дел од циклусот на обновување на косата.

Косата во бременост

Зголеменото ниво на хормони во бременоста ве штити од опаѓањето на косата додека сте бремени. Естрогенот го стимулира растот на влакната и затоа во бременоста косата е сјајна, бујна и прекрасна, а по породувањето одеднаш станува „безживотна“. Тоа така изгледа бидејќи губите повеќе влакна од вообичаено.

Опаѓање на косата по породувањето

Дополнителни предизвици со кои се соочуваат родилките се депресија, емотивен стрес и стрес околу грижата за бебето. Овие фактори може негативно да се одразат и телото да ја активира фазата на мирување за да заштеди енергија што му е потребна за извршување на други функции, како закрепнување на организмот и производство на млеко за бебето.

Опаѓањето на косата е во кулминација 3-4 месеци по породувањето, кога фоликулите веќе сами се обновуваат. Косата ќе се врати „во нормала“ за 6 до 12 месеци по породувањето.

Што можете да направите?

  • Консултирајте се со лекар за да го контролирате нивото на хормони.
  • Одбегнувајте да ја врзувате косата во коњско опавче, цврсти плетенки, афроплетенки, ситни витлери или да ставате екстензии за коса.
  • Исхраната треба да ви биде богата со овошје и зеленчук што содржат флавоноди и антиоксиданси што ќе им обезбедат заштита на фоликулите.
  • Користете шампони и балсами со биотин и екстракт од хмељ и просо што даваат енергија за растење на нови влакна.
  • Косата е почувствителна кога е мокра, па затоа внимателно чешлајте ја со четка, а расплеткувајте ја со чешел со широки запци.
  • Одбегнувајте фенирање со висока температура и други видови на термичко третирање на косата (исправање со преса или виткање со фигаро).
  • Внесете суплементи во исхраната како B комплекс, биотин, витамини C и Е и цинк.

Коронавирус