понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 129
home Живот и стил

Со овие совети ќе го подобрите вашето здравје

Со овие совети ќе го подобрите вашето здравје

Сакате да го подобрите вашето здравје, па ако се решите да ги читате сите здравствени совети нема да знаете од каде да почнете, а и кој има толку време на располагање за да се придружува кон сите препораки?

За ваша среќа, постојат мали, брзи и едноставни совети кои можете да ги применувате.

Не јадете на брзина

Начинот на кој јадеме е многу важен фактор за нас и нашето здравје. Пожелно е да не јадеме додека се движиме, а исто така не треба јадеме набрзина. Наместо тоа треба да уживаме во храната што ја консумираме, да јадеме пополека и не е препорачливо да гледаме телевизија додека јадеме.

Секогаш појадувајте

Во денот треба да имаме од 3 до 5 оброци од кои 3 би биле главни оброци и 2 ужини кои секако не смееме да ги пропуштаме. Препорачливо е доручекот да биде во исто време секој ден, а најдобро време за тоа е помеѓу 8 и 9 часот наутро, а вечерата да биде најдоцна до 19 часот. Овие факти се наведени од едноставна причина што сите функции во организмот се одвиваат спрема биолошкиот часовник, со одреден ритам и варење на храната.

Намалете го стресот

Како и врз сите преостанатите процеси, така и врз процесот на варење на храната стресот, нервозата и негативното расположение делуваат многу негативно.

Внимавајте што консумирате

Редовно водете сметка за количината и состојките на храната што ја внесувате. Припремањето на храната нека ви претставува задоволство, а воедно водете грижа за состојките што ги употребувате и внимавајте што повеќе да ја задржите нивната хранлива вредност. На пример за одличен појадок и идеален почеток на денот, можете да појадувате: едно парче интегрален леб намачкан со млечен намаз кој е богат со есенцијални масни киселини и една чаша свежо цеден сок од овошје и зеленчук.

Пијте вода

Во текот на денот консумирајте многу течности, до 2 литри вода и можете дополнително да пиете природни сокови, негазирани или незасладени сокови. Исто така, штом станете напијте се една чаша вода. Водата помага да се чувствувате здраво и свежо. Уште подобро е ако додадете малку лимон. Лимонот и водата го чистат вашиот организам од отрови. Освен тоа ќе бидете сити.

Јадете свежо овошје и зеленчук

Консумирајте колку што можете повеќе овошје, зеленчук и јаткасти производи.

Редовно вежбајте

И не заборавајте на физичката активност, пешачете, вежбајте, но после јадењето не одете на спиење.

Локални избори 2021