недела, 9. мај 2021. Вести денес: 79
home Живот и стил

Со милионер џек пот до нов мотор

Со милионер џек пот до нов мотор

Со Милионер Џек Пот ја почнавме, но и ќе ја завршиме 2017. Видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија на Македонија,израдуваа 82 играчи. Последниот од нив, Николче Божиновски на 23.12.17 освои 1.731.745, денари.

На крајот од годината со задоволство ги сумираме убавите впечатоци за сите добитници кои се радуваа, благодарение на видеолотариските терминали на Државна видеолотарија. Задоволни сме и од постигнатите резултати на нашата компанија. Официјалните бројки само го потврдуваат нашиот успех. Државна видеолотарија на Македонија во 2016 го направи најзначајниот скок помеѓу најуспешните 200 компании. Амбициозната екипа успеа да се искачи цели 120 места погоре и од 152 во 2015, со што 2016 ја завршуваме како една од најдобрите 30 компании во Македонија во рангирањето на 200те најуспешни. Веруваме дека овој успех ќе го потврдиме и за 2017.

Николче Божиновски е последниот во низата среќни МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитници. Тој ја освои вредната добивка 1.731.745, 00 денари, играјќи на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Клуб Спорт 77, Евротип во Кривогаштани. Николче ни откри дека не е редовен играч. На 23 декември случајно, пополнувајќи го своето слободно време, си ја пробал својата среќа. Во првиот миг не знаел што се случува, но вработената во клубот му открила дека среќата е на негова страна. Тој е најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник. Како љубител на мотори, уште веднаш ни кажа дека нов и моќен мотор е прв на листата за трошење на добиените пари.

Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 82 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 122.214.478 денари. Покрај нив, освоени се и 11.020 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 82.554.515 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Коронавирус