сабота, 30. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Смирете ја кашлицата и исчистете си ги дишните патишта: Потребна ви е една работа која сигурно ја имате дома

Смирете ја кашлицата и исчистете си ги дишните патишта: Потребна ви е една работа која сигурно ја имате дома

Сода бикарбоната има голема примена во медицината, а истата се покажала многу ефикасна и во борбата против кашлицата и проблемите со дишните органи.

Најдобриот начин за нејзино користење е секако инхалацијата, а оваа терапија ја препорачуваат бројни пулмолози.
Инхалацијата со сода бикарбона ја навлажнува слузницата и на тој начин го омекнува слузот и помага во негово исфрлање.Кога микроорганизмите ќе навлезат во дишните патишта, се јавува кашлица како рефлекс за заштита на телото. Кашлицата се развива кога ќе дојде до иритација на нервните рецептори.Со оваа намирница која сигурно веќе ја имате во својот дом можете да го излекувате болното грло, затнатиот нос, да ја ублажите кашлицата и да ги прочистите дишните патишта.

Подгответе смеса!

Ставете една лажичка сода бикарбона во чаша со зовриена, но млака вода. Со ваквиот раствор испирајте го грлото до 5 пати дневно. За ублажување на кашлица, ставете една лажичка сода во чаша згреано млеко и испијте го пред спиењето.

Направете инхалација!

Се користи една лажичка сода на литар топла вода. Ставете ја врелата мешавина во метален сад, покријте ја главата со крпа и длабоко дишете. Овој процес треба да го повторувате секоја вечер пред спиење.

Коронавирус