среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Смалената ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ влијае на менталното здравје: Доколку седиме по 8 часа на ден, еве колку треба да сме активни

Смалената ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ влијае на менталното здравје: Доколку седиме по 8 часа на ден, еве колку треба да сме активни

Денешниот начин на живот бара долго седење, најчесто го поминуваме поголемиот дел од денот на работа каде што е неопходно да седиме. Новите студии велат дека предолгото седење може да има негативни последици за вашето ментално здравје и благосостојба.

Како седењето влијае на здравјето?

Студијата на Универзитетот во Хадерсфилд покажа дека многу луѓе седат повеќе од осум часа дневно. Тие рекоа дека тоа пак има штетни последици за нивното ментално здравје. Дури и луѓето кои работеа умерено или интензивно физички 150 минути неделно, имаа негативно влијание врз нивното ментално здравје. Сите показатели покажуваат дека треба да вежбаме повеќе или да бидеме поактивни за седентарен начин на живот да дојде во рамнотежа, пишува Daily Mail.

Ако седиме повеќе од осум часа дневно, се препорачува да вежбаме околу 60 минути.

Истражувачите истакнуваат дека физичката активност не е само одење во теретана. Важно е да одиме на прошетка по зелените површини.

Коронавирус