вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 20
home Живот и стил

Славните ја открија нивната предност: Ќе посакате и вие да направите шишки

Славните ја открија нивната предност: Ќе посакате и вие да направите шишки

Дали сте забележале дека сите жени во холивудските филмови и серии во кадрите во кои се потсетуваат на минатото – имаат шишки?

Не сте единствени, на Твитер дури постои профил „flashback bangs“ кој го потврдува тоа.

Во Холивуд одамна ја откриле најголемата предност на шишките. Ја знаете ли и вие?

Имено, иако се прилично тешки за одржување, шишките имаат подмладувачки ефект и баш заради тоа ги додаваат ликовите од сериите и филмовите кога треба да одглумат помлада верзија од себе.

Затоа, ако размислувате за шишки, ова е една од предностите кои може да ги очекувате, но мора да знаете и дека нивното стилизирање често наутро ќе ви одзема многу време, па добро размислете за тоа што ви е поважно.

Коронавирус