вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 112
home Живот и стил

Сите знаеме дека пушењето цигари е опасно, но еве кога не смеете да ја запалите првата цигара

Сите знаеме дека пушењето цигари е опасно, но еве кога не смеете да ја запалите првата цигара

Колку побрзо по будењето човек пали цигара, толку е поголем ризикот да развие рак на белите дробови или усната шуплина, тврдат научници, цитирани од Science Daily .

-Откривме дека пушачите кои консумираат цигари веднаш по будењето, имаат повисоки нивоа на NNAL – метаболит на специфичниот за тутунот канцероген NNK, истакна одамна Стивен Бранстетер, еден од авторите на студијата.

Независно од бројот на цигари кои ги пушат на ден, пушачите кои се воздржуваат од цигара половина час или повеќе по станување, имаат пониска содржина на штетни хемикалии во крвта.

Истражувањето е спроведено со 1.945 пушачи. Податоците од него покажуваат дека 32% од нив ја  пушат првата цигара на денот пет минути по будењето, 31% – меѓу 6 и 30 минути, 18% – меѓу 31 и 60 минути, и 19% – по повеќе од еден час.

Научниците го истакнуваат фактот дека во однос на нивото на NNAL палењето на цигара порано дислоцира други фактори како возраста на пушачите, полот  и кога почнал да пуши.

“Сметаме дека луѓето кои пушат веднаш штом се разбудат,  го вдишуваат чадот подлабоко и сеопфатно, кое може да се објасни со повисоките нивоа на NNAL во крвта, а со тоа и поголем ризик од развој на рак”, посочи Бранстетер .

Времето пред првата цигара може да биде важен фактор во одредувањето на најризичните групи пушачи и може да помогне за развој на нови методи за борба против штетната навика.

Коронавирус