среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сите знаеме дека е здраво да се вежба, но колку вежбање е доволно?

Сите знаеме дека е здраво да се вежба, но колку вежбање е доволно?

Вежбањето е еден од клучевите за здравје и добра телесна тежина, но за да го искористите на најдобар можен начин, треба да вежбате секој ден во исто време, според експертите.

Имено, луѓето кои немаат редовни навики за вежбање мораат да вежбаат подолго од оние кои на вежбање одат секој ден во исто време, покажаа истражувањата.

Вежбањето е многу важно за целокупното здравје, а кога имате навика за вежбање во исто време, телото е подготвено на дневна активност.

Експертите од клиниката Miriam, во американскиот Род Ајленд, тврдат дека потребни се најмалку 250 минути вежбање неделно за да се одржи здрава телесна тежина.

Истражувањето покажало дека луѓето кои успеваат да ја одржат својата тежина, односно не добиваат нови несакани килограми, полесно се држат до планот на исхрана и вежбање бидејќи тоа на нив делува охрабрувачки.

Претходните истражувања ја покажаа важноста на одржување на временскиот распоред со цел губење на несаканите килограми.

Резултатите покажале дека и жените кои вежбаат наутро имаат помал ризик од дебелина.

Коронавирус