понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сите ја обвинуваат што е во врска со “дедо“, но таа ја брани љубовта (ВИДЕО)

Сите ја обвинуваат што е во врска со “дедо“, но таа ја брани љубовта (ВИДЕО)

Саманта Крозби е 24-годишна девојка, студентка од Вашингтон која својот три и пол децении постарото момче од неа го запознала во локален кафич каде тој свирел гитара. Таа вели дека знаела дека тој е вистинскиот само што го погледнала, па прва му пришла и инсистирала да се запознаат.

Нејзините пријатели, загрижени поради романсата во која се впуштила постојано ѝ зборувале, но таа тврдела дека е во најдобрата врска во нејзиниот живот.

-Изгледаше многу добро и уживав додека го слушав како свири. А, кога започнавме да зборуваме сфатив дека и тој ужива во истите работи како јас, раскажува девојката која е свесна дека нејзината љубов не ја одобруваат многумина.

-Често пријателите се шегуваат со мене, ми се смеат и зборуваат дека излегувам со дедо. Ниту мојата мајка не ја прифаќаше мојата врска на почетокот, но сега сите се прилагодија на него. Многу се трудев и борев за оваа врска, додава Саманта.

Нејзиниот одбраник е Макси Милс, кој е наставник во училиште, а досега бил три пати во брак и има две возрасни деца, кои се постари од неговата девојка.

-Разликата во годините ме плашеше, но не сакав да ја отфрлам можноста да бидам со некој кој толку многу ми одговара, открил Милс.