понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 117
home Живот и стил

Сингл сме, но тоа не нè спречи да имаме деца: Две другарки забременија во исто време од донори на сперма

Сингл сме, но тоа не нè спречи да имаме деца: Две другарки забременија во исто време од донори на сперма

34-годишната Лорен Харис и нејзината најдобра пријателка 36-годишната Џес отсекогаш сакале деца – но времето полека им истекувало, а ниту една од нив не го пронашла вистинскиот маж за тоа.

Па така другарките склучија пакт да имаат деца заедно – со помош на донори на сперма!

До јануари оваа година, Лорен и Џес станаа мамички на ќерки – кои ги воспитуваат заедно во Флорида, каде се први сосетки.

Во ексклузивен разговор за „The Sun“ тие ја раскажаа своите приказни.

– Кога Џес и јас се запознавме преку татко ми, со кој таа работеше, веднаш се поврзавме. На 31 година, Џес беше две години постара и како мене, таа беше очајна да стане мајка. Но, никој од нас не го најде вистинскиот човек за заеднички живот и иднина.

Во текот на следните три години, двете имавме врски и безброј први средби, надевајќи се дека една од нив ќе се претвори во наша среќа. Кога стигнав до 32, практично можев да го слушнам „отчукувањето“ на мојот биолошки часовник. Се чувствував безнадежно и Џес исто така.

„Не сакам да се откажам од своите соништа да бидам мајка, но, времето истекува“ – ми велеше Џес.

Ние секогаш се шегувавме со заобиколувањето на делот со врската и самостојно раѓање бебиња со помош на донатор на сперма. После некое време, се прашував дали тоа навистина може да биде можност. „Зошто не останеме бремени сами?“ – ми рече Џес еден ден.

Имам потполна доверба во неа и знаев дека ќе се поддржуваме една со друга, исто како што би имала со партнер. Колку повеќе разговаравме за тоа, толку повеќе имаше смисла.

Значи, започнавме да го истражуваме процесот на користење банка за сперма и откривме заедница на жени кои имаат бебиња кои ги израснуваат сами, нарекувајќи се „Самохрани мајки по избор“.

Секоја реално размисливме за тоа, пресметувајќи ги трошоците за воспитувањето на дете сам. Посетивме клиника за плодност за да ги процениме нашите опции и потоа направивме тестови.

Една вечер излезени во еден бар, го извадивме лаптопот за да ги разгледаме донаторите на сперма. Пиејќи пијалоци, прелистувавме низ различни профили, проценувајќи ја нивната висина, семејната историја и сè она помеѓу.

„Толку е нереално да се мисли дека еден од овие мажи може да биде татко на моето дете!“ – реков.

Додека планирав да чекам до мојата 35-та година, тестовите покажаа дека мојата плодност се намалува и сфатив дека е сега или никогаш. Затоа, по шест месеци, ѝ реков на Џес: „Навистина сакам да го сторам ова.“ Истото го сакаше и таа.

За среќа, бевме исполнети со љубов и поддршка од нашето семејство и пријатели.

До ноември 2018-та година, се одлучивме за нашите донатори на сперма и два месеци подоцна, Џес беше оплодена. Девет дена после тоа, таа ми заѕвони на видео повик.

„Мислам дека халуцинирам“, рече таа, мавтајќи со позитивниот тест за бременост пред мене.

Бидејќи мав оплодувањето подоцна тој ден, се чувствував надежно. Но, две недели подоцна, тие надежи беа уништени кога не забременив. „Следниот пат“- ми рече Џес.

И покрај моето разочарување, мојата возбуда за неа никогаш не прекина и по шест недели отидовме на нејзиниот прв скрининг. Ја држев за рака додека гледавме нагоре во екранот.

Во текот на следните неколку месеци, бременоста на Џес напредуваше добро, но моето патување не беше толку лесно.

До април 2019-та година, имав три неуспешни оплодувања и решив да пробам ИВФ. Следуваа дневни инјекции, пред да добијам јајцеклетки и да се оплодат со донаторска сперма.

Нешто повеќе од две недели подоцна, во мај 2019-та година, ѝ заѕвонив на Џес:

„Јас сум бремена“- реков. После пет месеци измачување, јас бев облеана со среќа и олеснување. На мојот прв скрининг, на ред беше Џес да ми ја држи раката додека гледавме на екранот.

Ултразвукот покажа дека носам близнаци, но неколку недели подоцна, изгубив едно од бебињата.

Потоа, неколку дена пред датумот на породување на Џес, медицинските сестри забележаа дека нејзиниот крвен притисок е висок, па таа беше хоспитализирана. И покрај тоа што и јас бев бремена пет месеци, бев решена да бидам тука за неа.

Останав покрај Џес додека контракциите ја држеа и, по 29 часа, таа го донесе своето бебе на свет.

„Дали е таа навистина моја?“ – ме праша Џес, гледајќи во бебето на нејзините гради. Таа беше совршена.

Потоа, во 38-мата недела, лекарите забележале дека моето бебе престана да расте. Бев хоспитализирана, а сега на ред беше Џес да биде тука за мене, бидејќи контракциите ми стануваа сè посилни и посилни. На 18-ти јануари родив прекрасно девојче – кое го крстив Хана Џејн. Додека лежеше во моите раце, срцето ми препукна од среќа.

Кога се вратив дома, се соочив со улогата да бидам самохрана мајка. На почетокот беше претешко, но и Џес и моето семејство беа неверојатни. Јас и Џес дури купивме куќи една до друга.

Сега се надевам дека нашата приказна ги охрабрува другите жени да го бараат својот пат кон мајчинството.

Бидејќи кога родивме бебиња со мојата најдобра пријателка ми ги остварија соништата- раскажа Лорен.

Коронавирус