петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 167
home Живот и стил

Симптоми на долготрајна корона: И излечените го чувствуваат ОВА

Симптоми на долготрајна корона: И излечените го чувствуваат ОВА

Луѓето кои долго закрепнуваат од коронавирусот пријавиле дека чувствуваат непријатна миризба на риба, сулфур и нешто благо.

-Оваа појава е позната под називот паросмија, што значи изобличување на чувството за мирис, а најмногу е изразена кај младите и здравствените работници, пишува Скај њуз.

Оториноларингологот, проф. Нирмал Кумар вели дека тој симптом е многу чуден и единствен.

Кумар бил меѓу првите лекари кои во март идентификувале ансомија, односно губење на чувството на мирис, како симптом на зараза со коронавирус.

Тој за агенцијата АП рекол дека некои пациенти наведуваат дека чувствуваат миризба на риба, наместо било кој друг мирис, а други чувствуваат мирис на изгорено и кога во близина нема чад.

Кумар објаснил дека Ковид 19 е „невротропен вирус“, однсно дека го напаѓа нервното ткиво и дека влијае на нервите на врвот на носот, што е шок за нервниот систем.

Коронавирус