среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 35
home Живот и стил

Што значи да сакате некого додека сте во депресија?

Што значи да сакате некого додека сте во депресија?

„Никој нема да те сака освен ако прво не се сакаш себеси“ е прекрасна фраза во која е лесно да се верува. Но, истовремено таа е страшна, особено ако имате депресија. Што ако никогаш не научите?

Кога бев помлада, сигурна бев дека никогаш нема да бидам способна да бидам во врска, но очигледно е дека многу грешев. Искрено, јас не се сакам себеси нешто посебно, но во август, 2013 година, едно момче лудо се заљуби во мене.

Откако паметам за себе, јас се борам со депресијата. Примав и терапија, лекарства, но борбата е тешка, а депресијата си има удобно место во мојот живот. Можам да ја почувствувам секој ден, тоа мало боцкање во моето тело кое создава емотивна болка и тоа во најнепосакувани времиња.

На мојата депресија не и е грижа тоа што сум во врска со момче кое ме смее, кое ми кажува дека сум убава по 20 пати на ден и кое се грижи за мене повеќе отколку било кое момче пред него. Јас сум благодарна за сите ноќи кога ме прегрнуваше додека плачев со часови. Јас сум благодарна што тој ги издржува сите периоди кога сум неподнослива. Тој постојано се труди да ме утеши ако одеднаш ми стане непријатно затоа што сме во јавност.

Тој ми дава надеж за иднината кога почнувам да одам по темен пат, си игра со мојата коса кога не можам да заспијам и ме поттикнува да јадам кога немам апетит. Тој се грижи за мене и јас никогаш не морам да се објаснувам. Се уште постојано си повторувам во себе: „Ау не ми се верува дека некој е заљубен во мене.“ Се уште мислам на тоа колку сум среќна што сум сакана и покрај моите бубачки во главата.

Оваа интензивна љубов е застрашувачка, затоа што не поминува ден без да се плашам дека ќе го оттурнам од себе. Се плашам дека ако уште еднаш ме види безживотна, со насолзени очи, како не сакам да станам од кревет, дека ќе си отиде. Знам дека тоа го вознемирува и јас, со солзи во очите му објаснувам дека тој не е виновен. Понекогаш имам преголема грижа на совест и го мразам тоа што моите чувства за мене предизвикуваат болка кај него. Понекогаш тој не е баш сигурен, но се обидувам да го разуверам со таа мала енергија која ја имам. Некои од нашите ноќи завршуваат со тоа што силно го прегрнувам и му велам: „Извини“, но јас навистина сум благодарна што тој се уште е среќен поради тоа што се буди покрај мене.

За мене, секој ден е борба. Постојано сум на работа, одејќи помеѓу преголема грижа и никакви емоции, прашувајќи се дали му е дојдено преку глава. Тој брзо ме потсеќа дека ме сака, но и јас брзо се преплавувам со сомнежи. И двајцата знаеме дека вака ќе биде и во иднина и иако се уште не се откажал, јас знам дека тој ќе оди до крај.

Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не сте вредни за љубов ако не се сакате себеси. Не дозволувајте некој да ви каже дека вашата болест е причината поради која не сте во врска. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже да се смеете почесто, да си ја средите косата или да носите поведри бои. Никогаш не дозволувајте да се чувствувате лошо за тоа што не може да го контролирате.

Некој ќе ве сака и во вашата моментална состојба и ако тоа се случи додека лежите на подот, плачејќи додека ги слушате омилените тажни песни, тогаш ќе знаете дека сте пронашле вистинска љубов.