сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 78
home Живот и стил

Што открива парфемот за неговиот карактер?

Што открива парфемот за неговиот карактер?

Знаете ли дека парфемот кој се наоѓа на неговата полица може да открие многу повеќе за него отколку било што?

Ако сте љубопитни за неговиот карактер, парфемот дефинитивно ќе ви помогне да одгатнете нешто повеќе за него…

Му се допаѓаат цитрусни парфеми…

Тој е едноставна душа, без никакви компликации. Цитрусните парфеми имаат нота на лимон, портокал, грејпфрут и а симболизираат светлина, свежина и живост. Мажите кои го сакаат овој мирис се секогаш фокусирани и водени од своите сетила. Можеби немаат голема имагинација, но со сигурност најмногу може да им верувате.

Му се допаѓаат водни парфеми…

Тој е вистински авантурист. Водните парфеми имаат дозна на цветна, цитрусна и минерална нота, создаваат најкул чувство – како да сте во близина на океан. Мажите кои сакаат водени парфени не може да седат мирно. Постојано бараат активност и предизвик. Тие се забавни и сакаат да живеат слободен живот.

Му се допаѓаат цветни парфеми…

Тој е креативна и уметничка душа. Цветните парфеми имаат прекрасна нота на лаванда, ванила, сандовал… Одговараат на момци кои сакаат да го слушаат ритамот на сопственото срце. Не се тип на луѓе што ја следат групата, сакаат да ги поместуваат границите и да бидат признаени поради своите интелектуални способности.

Му се допаѓаат ориентални парфеми…

Тој е интроспективен и мистериозен. Ориенталните парфеми имаат силна и впечатлива нота – предизвикувачка и заводничка, токму како и мажите кои ги користат.

На овие мажи им е потребно повеќе време да се опуштат во друштво или кога запознаваат друга женска личност. Но, ако внимателно им го привлечете вниманието може да откриете дека под таа личност се крие идеалист и чувствителна душа.

Коронавирус