вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 31
home Живот и стил

Што научив за животот додека сите останати се мажеа и женеа?

Што научив за животот додека сите останати се мажеа и женеа?

Кога сме млади, сите замислуваме каков ќе ни биде животот во иднина. Се замислуваме себеси во брак и со деца, затоа што тоа нели е природен тек на работите. Но, овие работи кај секого доаѓаат различно. Кај некого порано, кај некого подоцна, кај некои никогаш. Патиштата на животот се чудни и полни со многу кривини и дупки.

Јас ја немав среќата да ја најдам љубовта на мојот живот, а никогаш не би стапила во брак без љубов или затоа што мора да се случи тоа. Затоа немав среќа со врските, момците со кои излегував и секогаш завршував со погрешни. Во меѓувреме сите мои пријатели и пријателки се омажија, а јас се уште се трудам да го пронајдам својот пат. Но, истовремено научив и многу работи за животот. Ова се моите лекции…

Твојот „тип“ драстично се менува со текот на времето. Особено при крајот на 20-тите години. Тогаш започнуваш да бараш подлабоки и поцврти квалитети како одговорност, искреност и интегритет наместо забава, шармантност и изглед. Почнуваш да го цениш партнерот со којшто можеш да зборуваш за значајни работи, за проблемите, за семејството и за работата, затоа што како што растеш, така и работите кои ти се важни драстично се менуваат.

Пронаоѓањето на вистинската кариера е многу поважна од мажењето и женењето. Пронаоѓањето на вистинската кариера за тебе е најдобриот подарок кој можеш да си го подариш. Ќе ти даде нешто на коешто ќе се радуваш и секогаш ќе те мотивира да пораснеш и да научиш нови работи. Ќе те направи подобра и посреќна личност и нема да мора да се потпираш и да се надеваш дека само љубовта ќе те направи среќна личност.

Модерното состанување е катастрофа, но те учи на многу работи. Секоја катастрофална врска која ќе ти се случи те учи на барем една нова работа за себеси и за тоа што бараш во личноста која ти е потребна. Ти исто така учиш како да се сакаш себеси и учиш дека некогаш мораш да избереш да бидеш сам/а, наместо со личност која се однесува лошо со тебе или личност којашто не сака да ја дефинира вашата врска.

Инвестирај во неколку добри пријатели. Твоите пријатели засекогаш ќе бидат твојот поддржувачки систем. Колку подобри пријатели имаш, толку полесен ќе ти биде животот. Добрите пријатели ќе ти помогнат да поминеш низ речиси се во животот. Одбирај ги внимателно и така секогаш ќе можеш да најдеш некој на кого ќе се потпреш кога животот ќе ти стане тежок.

Не се задоволувај со помалку. Немој да бидеш со некого само затоа што предолго си сингл или затоа што твоите пријатели и пријателки веќе се во брак. Не останувај во врска која е лоша само затоа што е удобно и не се држи за луѓе кои не те сакаат.

Мора да знаеш кој(а) си пред да стапиш во брак. Стапувањето во брак кога човек е на разнишано тло во својот живот прави човек да се потпира на врската како единствен главен извор на среќа и тоа значи следење на чекорите на другата страна без човек да се запраша дали тоа е она што навистина го сака.

Децата не се решение на проблемите. Имањето деца не значи дека сте обезбедиле место во брачниот рај. Децата е ултимативниот тест кој само покажува колку е цврст бракот. Луѓето кои имаат деца кога не се подготвени за тоа само се подготвуваат себеси и бракот за катастрофа.

Нема да ги изгубите пријателите кои се во брак. Мислам дека ова е најголемиот проблем и заблуда – луѓето мислат дека ќе престанат да зборуваат и да се гледаат со пријателите кои стапиле во брак. Откако еднаш ќе помине првичната возбуда, работите ќе си се вратат во нормала и тие се уште ќе бидат оддалечени од вас само со еден повик.

Можете и сами да успеете. Можете да ја најдете вашата работа од соништата или да ја купите куќата којашто сте ја посакувале или да патувате низ светот и тоа без ничија помош или одобување. Кога растете без да бидете врзани за некого, навистина го имате светот во вашите раце и можете да правите што сакате и да бидете што сакате. Да се биде независна личост е прекрасна работа која ќе ве збогати на многу начини. Во денешно време, да се биде сингл е и привилегија, во зависност од тоа како ги гледате работите.

Бракот не е решение на проблемите. Исто како што децата не се решение на проблемит, така и бракот не е решение. Ако човек не може да научи како сам да ја пронајде својата среќа, тој нема да ја најде и во брак. Ако човек не научи да се сака себеси и кога е сигнл, нема да се сака и кога ќе биде во брак. Ако човек не може да  се пронајде себеси пред брак, нема да се најде и во бракот.

На луѓето постојано им се вели дека бракот  е тоа што ќе ги направи комплетни, но вистината е дека ништо не може да го комплетира човекот освен самиот себеси, неговите искуства, страст, срце, интелигенција и сила.