четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 104
home Живот и стил

Што е твое ќе си дојде…

Што е твое ќе си дојде…

Она што го научив во текот на мојот живот е дека она што треба да биде мое ќе си дојде само, она што требало да се случи ќе се случи и дека не треба ништо да присилувам.

Вистината е дека животот не оди секогаш според нашите замисли. Имаме моменти кога сѐ делува совршено, а потоа одеднаш сѐ се изместува и превртува наопаку. Понекогаш живееме со некој со кого мислиме дека ќе бидеме до крајот на животот, а потоа беспомошно гледаме како целата врска се распаѓа. Стануваме, па потоа повторно паѓаме. Па потоа, со текот на времето, повторно стануваме.

Не можеме во секој момент да ги имаме одговорите на сите прашања во нашите глави. Не можеме да разбереме што се случува, каде треба да одиме, што треба да правиме, не можеме да ги знаеме сите тие работи во секој можен момент.  Но, мораме да веруваме во некоја виша сила, универзумот, себеси. Мораме да продолжиме понатаму. Мораме да знаеме дека она што треба да биде во нашиот живот ќе го пронајде својот пат до нас или ќе ни се врати. Дури и ако не се случи тогаш кога мислиме дека треба да се случи. Некои врски ќе ги снема затоа што така се создава простор за да влезат вистинските луѓе. Ќе изгубиме некои луѓе затоа што тие не треба да останат засекогаш во нашиот живот. Некои планови целосно ќе се променат затоа што не би требало да бидат заглавени на едно место.

Кога таквите работи се случуваат, сосема е нормално да се исплашиме. Можеби се чувствуваме дека целиот свет ни се распаѓа. Можеме да плачеме, да вриштиме, да се лутиме, да се сомневаме во нашата верба, да бидеме лути на Бог, но вистината е дека понекогаш она што го сакаме, најбрзо си оди, само за да дојде нешто подобро. Понекогаш молитвите не се услишени затоа што нешто уште поубаво доаѓа на нашиот пат.

Не мораме да се нервираме. Не мораме да размислуваме. Не мораме да ги трошиме нашите денови во постојана агонија, да се прашуваме дали правиме нешто лошо, дали Бог нѐ напуштил, дали сме добри луѓе само затоа што некоја желба не ни е исполнета.

Затоа што ништо од тоа не е вистина.

Мораме да знаеме колку вредиме, а сепак секогаш да тежнееме да бидеме личноста која ги заслужува тие благослови. Мораме да продолжиме, да продолжиме да веруваме дека добрите работи ќе дојдат, дека ќе дојдат поубави денови и да ја чуваме светлината во нашиот живот. Мораме да знаеме дека нема секогаш да ги имаме сите одговори, но тоа не значи дека сме сами во ова. Мора да сфатиме дека живот нема секогаш да има смисла, ниту пак ќе ги следи нашите планови, но тоа не значи дека нема да го пронајдеме она што го бараме.

Сѐ она што ќе дојде во нашиот живот: луѓе, шанси, работни места, страсти, надеж, сето тоа ќе нѐ најде кога ќе дојде вистинското време за тоа, кога Бог ќе одлучи дека сме подготвени да ги прифатиме тие благослови. Не мораме да се бориме против тоа. Не мораме да брзаме. Не мораме да живееме во постојана состојба на стрес и тешкотии. Едноставно треба да се опуштиме, да создадеме простор, да веруваме и да дозволиме она што е наше и што ни припаѓа самото да нѐ пронајде.

 

Коронавирус