недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Живот и стил

Што бараат мажите во девојката која сакаат да ја земат за жена?

Што бараат мажите во девојката која сакаат да ја земат за жена?

Секој има свои критериуми кога бира партнер со кој сака да го помине својот живот. Некој има поспецифични критериуми, некој поопшти. Се зависи од човек до човек. Мажите обично се вистинска мистерија за жените и жените често велат дека навистина не знаат според кој критериум мажите бираат девојка која сакаат да ја земат за жена.

И покрај тоа што е индивидуално, денес ви претставуваме 15 интересни ставови на мажи кои откриваат што сакаат и очекуваат од жената со која тие сакаат да го поминат животот. Одговорите ги имаат напишано на социјалната мрежа Reddit, а прашањето било: „Како знаете дека некоја девојка има потенцијал да биде сопруга?“

Прочитајте и забавувајте се, некои од одговорите се навистина забавни и интересни, а некои романтични.

1 „Мојата сопруга, кога се уште ми беше девојка, ми рече нешто што нема да го заборавам никогаш. Таа рече: „Да се обидувам да не те сакам е исто како да се обидувам да не бидам гладна.“ Тоа е едно од најубавите работи кои некој некогаш ми ги кажал и направи да сфатам колку е лојална и посветена. А и да, исто знаеше како со палецот од ногата да ми ги соблече чорапите.“

  1. „Доверба, способност за комуницирање, сексуална компатибилност, способност за простување и барем неколку заеднички интереси се работите што го прават бракот успешен. Извор: Среќно сум оженет речиси 20 години.“
  2. „Интегритет.“
  3. „Да го прави лепчето со лук крцкаво, а не загорено.“
  4. „Знаев дека сум ја запознал мојата идна сопруга кога во ниту еден момент не доаѓаше до крај на разговорот – секој пат кога разговаравме, јас посакував да не престанеме. А и да, не беше минус фактот што е убава и што сме сексуално компатибилни и сите тие други добри работи. Но, едноставноста и интересноста на нашите разговори беше клучно.“
  5. „За мене, една од најважните работи е заедничката смисла за хумор. Ако не може да се смее на истите работи на кои се смеам и јас, мали се шансите дека ќе биде моја сопруга.“
  6. „Способноста да не прави ништо и да биде океј со тоа. Мојата жена и јас знаеме да станеме во сабота наутро и само да седиме на каучот, со часови неправејќи ништо.“
  7. „Потенцијал за сопруга = најдобра пријателка која ме привлекува физички.“
  8. „Да има свои интереси и да биде страствена кога се работи за нив.“
  9. „Да мириса убаво. Да биде луда на начин кој ќе одговара на мојата лудост. Мислам дека тоа би било тоа.“
  10. „Да се живее животот во иста брзина е многу важно. Да се сакаат истите работи во исто време е потценета работа.“
  11. „Барам девојка која има веќе изградено цврсти врски и односи со луѓето со кои е опкружена. Ако сакам да создадам цврста врска со неа, врска која ќе трае, тогаш сакам да видам дека тоа веќе го направила со нејзиното семејство, пријатели или колеги.“
  12. „Добра смисла за хумор, независна и да има свои интереси, да е способна да разговара и да биде проактивна кога станува збор за секс. Во суштина секоја девојка со која се уште сакаш да бидеш и по сексот. Ако можете да бидете најдобри пријатели кога немате секс, тоа е тоа.“
  13. „Ако е искрена и отворена, ако има отворен ум и ако сака да го истражува животот и се што тој има да понуди. Мора да се сложува со моите пријатели и семејство и јас морам да се сложувам со нејзините. Ако ова не се случи, нема да оди на добро.“
  14. „Способноста да ти помогне да го почешаш делот од грбот каде што не можеш сам да се почешаш, колку и да се трудиш.“