понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Живот и стил

Штитната жлезда е нова мета на коронавирусот?!

Штитната жлезда е нова мета на коронавирусот?!

Италијанските лекари известија за првиот случај во светот во кој коронавирусот предизвикува воспаление на штитната жлезда.

Дијагнозата е поставена кај 18 годишна девојка.

„Го регистриравме првиот случај на таканаречен обостран тиреодит кој се разви по инфекција со новиот коронавирус. Лекарите треба да знаат дека инфекцијата од Ковид-19 може да се манифестира и на тој начин“, изјавил еден професор од Универзитетот во Пиза, еден од авторите на истражувањето.

Уште од самиот почеток на избивање на епидемијата, лекарите знаат дека вирусот не ги напаѓа само клетките на белите дробови, туку и на останатите органи.

Еден месец пред појавата на тиреоидата кај девојката, таа била на преглед на штитната жлезда. Тогаш таа функционирала нормално, а девојката никогаш претходно немала проблеми со штитната жлезда.

Појавата на оваа состојба при инфекцијата од коронавирус докажува дека САРС КоВ-2 може да и наштети на штитната жлезда. И тоа треба да се земе предвид при лекувањето, како на Ковид-19, така и на заболувањата на штитната жлезда.

Парламентарни избори 2020