четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Живот и стил

Шокантен податок: Нема да верувате колку часа годишно минуваат жените грижејќи се за својот изглед

Шокантен податок: Нема да верувате колку часа годишно минуваат жените грижејќи се за својот изглед

Сите имаме некакви мали или поголеми комплекси и се прашуваме дали добро изгледаме. Многу истражувања покажуваат дека жените двојно повеќе од мажите водат сметка за својот изглед, но и повеќе се нервираат за нешто што сметаат дека не е добро кај нив.

Едно истражување во кое биле вклучени 2000 жени покажало дека во просек жените минуваат околу 627 часа и 28 минути, грижејќи се за својот изглед. За оние кои не сакаат да пресметуваат, тоа значи дека цел еден месец секоја година жените размислуваат за својот изглед.

Истражувачите утврдиле дека меѓу работите кои им се најважни на жените спаѓаат облеката, тежината, проблемите со кожата.

Резултатите од ова истражување посочуваат дека можеме нашето време и подобро да го искористиме отколку тоа да размислуваме за нашиот физички изглед. Сепак, психолозите не се толку зачудени од ова истражување тие сметаат дека општеството во кое живееме прави да се однесуваме така и да бидеме загрижени за својот изглед. Медиумите постојано се исполнети со девојки кои изгледаат убаво и природно е таквиот притисок да се пренесе и на нам.

Секако, секоја личност треба да направи напор да се прифати онаква каква што е и секогаш кога ќе се забележиме дека се преоптоваруваме со својот изглед, да се сетиме на нешто што го обожаваме кај себе и да не се нервираме толку.

Можеби добра навика е да се разбудиме со насмевка и да си кажеме наутро што ни се допаѓа кај себе си, наместо да се фокусираме на тоа што не ни се допаѓа. Вреди да се обидеме.