четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Живот и стил

Шампон од сода бикарбона- спас за вашата коса: Рецептот е многу едноставен, а ефектот неверојатен

Шампон од сода бикарбона- спас за вашата коса: Рецептот е многу едноставен, а ефектот неверојатен

Блогерката Сонет Лауберт имала толку лоша коса што сериозно мислела да се потстриже скрос кратко. Но, наишла на рецепт за шампон од сода бикарбона и се обидела со истиот. Косата сега и сјае.

– Се шокирав откако сфатив колку поубаво почна да изгледа мојата коса откако наместо класичен, користам шампон од сода бикарбона. Освен што навистина сјае, не е изложена на штетни хемикалии кои во козметичките производи со мирис може да бидат повеќе од 4000, што е застрашувачки. Освен тоа, тие шампони ги отстрануваат природните масла од влакната па косата засилено ги произведува, го опишува своето искуство блогерката Сонет Лауберт за порталот мбг.

Иако на пазарот постојат природни шампони кои не содржат штетни состојки, косата и со нив, како што таа вели и изгледала безживотно, без сјај. Се обидувала да внесе живост во својата фризура и со купечки препарати за обликување, но ништо долгорочно не и помогнало. Веќе помислила да се потстриже, но негде прочитала дека сода бикарбона е одлична за косата.

Рецептот за шампон од сода е многу едноставен…

Сода бикарбона се меша со вода во размер 1:3, значи на една количина сода, доаѓаат 3 вода. На пример, за коса долга до рамена доволни се 2-3 лажици сода.

Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава една до 3 минути. Потоа се мие со вода.

После тоа се мие и со мешавина од бел јаболков оцет и вода во размер од 1:4, за да го намали мирисот на оцет иако тој брзо испарува, Сонет во смесата додава и неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или мента.

После миењето со таа смеса се пушта млаз ладна вода, бидејќи таа помага да се задржи влагата во влакната за косата да не изгледа суво и дава сјај.