недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сестричките беа родени со споени глави: Денес се две среќни дечиња, раздвоени сијамските близначки (ФОТО)

Сестричките беа родени со споени глави: Денес се две среќни дечиња, раздвоени сијамските близначки (ФОТО)

Сијамски близнаци кои биле споени со главите, успешно се раздвоени во Лондон после неколку операции кои вкупно траеле 55 часа.

Двегодишните сестри од Пакистан Сафа и Марва Улах, три пати биле оперирани во Болницата „Грејт Ормонд Стрит“, а во хируршките зафати кои биле направени во рок од 4 месеци, учествувале вкупно 100 членови од медицинскиот тим на болницата.

Хирурзите успеале да ги раздвојат нивните мозоци кои биле меѓусебно испреплетени во нивниот заеднички череп, а потоа успеале да реконструираат два посебни черепа, користејќи ги фрагментите од заедничкиот.