среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 90
home Живот и стил

Секогаш кога имате лош ден, потсетувајте се на овие работи

Секогаш кога имате лош ден, потсетувајте се на овие работи

Погледнете малку во лицата околу вас и ќе забележите дека секој од нив има своја приказна, секој бара нешто, сечие срце чука исполнето со среќа, тага, страв и копнеж… Тоа е дел од ова патување кое милуваме да го наречеме живот. Лошите денови се неизбежен дел од животот и во такви моменти, нам ни е потребна дополнителна мотивација.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат…

Вие сте сосема во ред. Сега сте само малку посилни…

Имате лош ден? Тоа е сосема во ред. Вие сте во ред. Вие сега сте само малку посилни од вчера.

Ставете ја раката на срцето. Го чувствувате ли тоа? Тоа се нарекува цел. Вие денес сте тука со причина. Не се откажувајте. Не дозволувајте еден или два темни облаци да го прекријат целото ваше небо. Сонцето секогаш сјае зад нив. Сонцето секогаш сјае на некои делови од вашиот живот. Понекогаш е потребно да заборавите како се чувствувате, да се сетите што заслужувате и да продолжите деа се движите напред.

Сите правиме грешки. Сите понекогаш правиме будали од себеси. Сите сме дозволиле да бидеме искористени од други луѓе и сме добиле многу помалку отколку што заслужуваме. А понекогаш и ние сме им дале на другите помалку отколку што заслужувале. Понекогаш дозволуваме нашите приоритети и граници да бидат проголтани од хаосот на денот. Но, ако убаво размислиме, ќе видиме дека многу сме научиле од нашите лоши избори. Дури и ако постојат некои работи кои никогаш нема да можеме да ги поправиме, сепак сега знаеме подобро и ќе знаеме што да направиме следниот пат. Сега имаме повеќе сила за обликување на нашата иднина.

Многу сте поспособни отколку што мислите…

Сетете се дека сте неверојатно способни за да се соочите со големи предизвици. Но, во периодите кога сѐ е во ред, лесно е човек да биде спокоен и да заборави колку е способен и колку може да биде вешт и снаодлив. Неочекуваните проблеми се нужно зло кое ве турка напред, затоа што проблемите со текот на времето ќе престанат, но лекциите и развојот кој се случува преку нив – тоа е за цел живот.

Постојат два вида болка во животот: Болка која ве боли и болка од која се развивате. Но, кога учите од тешко искуство, тие две се изедначуваат. Силата не се добива од она што можете да го направите. Таа се создава од совладување на она што не сте можеле да го направит претходно. Тешките ситуации создаваат силни и успешни луѓе. Па така, без оглед на тоа колку ве боли во моментот, морате да ја држите главата високо крената, да ги стиснете забите и да направите уште еден чекор. Не губете време сожалувајќи се себеси. Упорноста и одлучноста говорат доволно гласно. Бидете сосредоточени додека трае борбата. Напорно работете во тишина и вашиот успех нека биде вашата бучава.

Борбата е пат кој води кон подобри денови

Дали патот кон напредокот секогаш ќе биде лесен? Не, воопшто. Но, дали ќе вреди за трудот? Апсолутно. Борбата не е нешто што ви се случува на вашиот пат, туку таа е самиот пат, пат кој води кон подобри денови. Кога денот е навистина мрачен, можеби е тешко да се види светлото, но потребно е да се обидеме. Вистинската сила доаѓа кога имате толку многу работи за кои можете да плачете и да се жалите, но наместо тоа вие одбирате насмевка и го цените вашиот живот.

Во секоја борба со која се соочувате е скриен по некој благодет, но морате  да бидете подготвени да го отворите вашето срце и ум за да ги видите. Вие не можете со сила да ги натерате работите да се случат. Така само ќе се излудите обидувајќи се. Во еден момент потребно е да се опуштите и да им дозволите на работите да се случат.

Да го сакате својот живот значи да и верувате на вашата интуиција, да ризикувате, да губите и да пронаоѓате среќа, да негувате спомени и да учите низ искуство. Тоа е долготрајно патување. Престанете да се грижите, за се двоумите и да се сомневате при секој ваш чекор. Претстојните искуства и лекции дочекајте ги со ширум отворени раце. Можеби нема да завршите таму каде што сте сакале, но сигурно ќе завршите токму таму каде што треба да бидете.

Наредниот чекор секогаш ќе се исплати

И тоа е причината поради која треба да продолжите да го давате најдоброто од себе. Не се плашете повторно да станете, повторно да се обидете, повторно да сакате, повторно да живеете и повторно да сонувате. Не дозволувајте тешките лекции да ви го скаменат срцето. Најдобрите животни лекции најчесто се учат во најлошите времиња и од најлошите грешки. Ќе има периоди кога ќе изгледа како сѐ да отишло по ѓаволите. Можеби ќе се чувствувате дека вечно сте заглавени во некој проблем, но тоа не е така. Кога ќе посакате да се откажете, сетете се дека понекогаш работите мора да станат многу лоши пред да станат добри. Понекогаш морате да пројдете низ најлошото за сѐ да излезе најдобро.

Да, животот е тежок, но вие сте посилни. Најдете сила секој ден да се смеете. Најдете храброст да се чувствувате поинаку, но сепак прекрасно. Насмејте ги и останатите. Немојте да се вознемирувате околу работи кои не можете да ги промените. Живејте едноставно. Сакате со сето срце. Говорете ја вистината. Работете грижливо. Дури и ако погрешите, продолжете понатаму. Продолжете да растете.

Секое утро будете се и давајте се од себе за да ја следите оваа едноставна листа:

Мислете позитивно.
Јадете здраво.
Вежбајте денес.
Грижете се помалку.
Работете напорно.
Смејте се често.
Убаво спијте.

А потоа, секој ден повторувајте го истото.

Коронавирус