вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Секогаш ќе постои една личност која никогаш нема да ја заборавите… Не го гледајте нејзиното заминување како трагедија

Секогаш ќе постои една личност која никогаш нема да ја заборавите… Не го гледајте нејзиното заминување како трагедија

Секогаш ќе постои таа една личност која ќе остане во твоето срце сѐ до твојот последен здив. Тоа е личноста која секогаш ќе има дел од твоето срце. Тоа е личност која те променила и влијаела на неверојатен начин врз тебе.

И без оглед на тоа колку сте се труделе и колку долго таа личност била покрај вас, самата помисла на нив ќе ви го сопре дишењето. Нема да можете да се ослободите од тој дух и од таа сенка. Овие бивши љубов секогаш ни доаѓаат во најубавите соништа, но и во најлошите кошмари.

Но, зарем тоа не е прекрасна работа?

Да знаете дека тој човек ве сакал. Дека сте биле ценети и обожавани од таа личност која ве направила среќни. Човек кој ве изградил. Личност која ве променила. Човек кој ве научил кога сте прекрасни, кој ви покажал дека заслужувате внимание и љубов.

И иако таа личност повеќе не е покрај вас, дури и ако љубовта кратко траела, сепак таа љубов ќе остане запишана во вашите коски и вашите спомени. Таа љубов и натаму ќе живее во вас. Иако вашите бивши љубови сега се некаде далеку, сепак ви покажале дека сте волшебни, дека сте убави и способни. Нивната љубов ве научила дека заслужувате да бидете среќни- со или без нив. Нивната љубов ве научила како да сакате и да бидете сакани. И дека го заслужувате тоа.

Не го гледајте нивното заминување како трагедија. Гледајте на тоа како на нов почеток. Гледајте на нивното заминување како отворен пат кон нова љубов и нова магија. Не дозволувајте да остане горчина во вас. Не дозволувајте нивното заминување да ја уништи вашата верба во љубовта.

Сте имале голема љубов која ви го променила животот, љубов каква малкумина доживуваат во животот. Затоа не се криете од сопствениот живот. Не ги исклучувајте луѓето кои ги сакате. Животот и натаму е убав ако ја гледате нивната убавина. И не се осудувајте да кажете дека никогаш повеќе нема да љубите.

Верувајте дека повторно ќе љубите со цело срце.

Чувајте ги сеќавањата во својот ум. Вашата душа нека се сети на љубовта и вашата душа нека и дозволи на љубовта да влезе.