недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 65
Во живо

29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

home Живот и стил

Се уморив, не можам да угодам никому, не можам веќе никому да се извинувам

Се уморив, не можам да угодам никому, не можам веќе никому да се извинувам

Не можам веќе постојано да се извинувам. Не можам да им угодам на луѓето. Не можам да ја спуштам главата за да бидам понизна кон нив или да бидам тивка, безначајна за да не мислат дека сум прегласна.

Не сакам да го вртам образот за сечија шлаканица. Не можам да бидам виновна за сите работи, за промашените животи, несреќа и болка.

Не сакам да се чувствувам виновна поради нечија завист или да носам горчина бидејќи некому не му се допаѓам. Нема да им дозволам да се хранат со тоа.

Нема да дозволам некој да ме мрази или да се однесува лошо со мене, а јас да се прашувам што сум згрешила. Не го сакам тоа. Сакам да сакам и простувам, а не да носам лоши чувства во себе.

Не сакам веќе да си дозволувам другите да ме убедуваат, да пробуваат да ме повредат. Не сакам да бидам како нив.

Тие би ме оставиле да крварам до смрт, откако ќе ме прободат со  нож во грб.

Не сакам веќе да живеам по нивна волја, да се вклопувам во нивниот круг, да пијам вода од нивниот извор.

Никому веќе не сакам ништо да докажувам.