четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 87
home Живот и стил

Се празнуваат Св. маченици Пров, Тарах и Андроник

Се празнуваат Св. маченици Пров, Тарах и Андроник

Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан.

Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин.

После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги растргнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да ги убијат тројцата светители.

Други тројца христијани, кои присуствуваа на убиството на светите маченици, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа.

Коронавирус