недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се празнуваат Св. маченици Евлампиј и Евлампија

Се празнуваат Св. маченици Евлампиј и Евлампија

Беа брат и сестра, од Никомидија. За време на прогоните на Максимијан, една група христијани се засолни во една пештера надвор од градот. Евлампиј го пратија в град по леб.

Тој наиде на царската наредба, залепена на ѕид, да се гонат и убиваат христијаните и ја искина, па беше изведен на суд. Кога судијата го советуваше да се откаже од Христа, и Евлампиј почна да го советува судијата да се откаже од идолите и да Го признае Христос како единствен жив Бог.

Заради тие зборови беше ставен на маки. Кога сестра му слушна за тоа, дотрча од пештерата и таа заедно со братот да ги прими маките заради Христа.

Најпосле, на Евлампиј му беше отсечена главата, а Евлампија издивна од измачувањето.

Коронавирус