вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 142
home Живот и стил

Се празнува Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици

Се празнува Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици

Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици.

Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици.

Потоа најпрвин биле исечени со меч учениците, а потоа и самиот Антиноген.  Споменот за нив црквата го празнува на 29/16 јули.

Коронавирус