сабота, 22. јануари 2022. Вести денес: 56
home Живот и стил

Се празнува Св. маченик Платон

Се празнува Св. маченик Платон

Свети Платон потекнуваше од Галатиска Анкира, Мала Азија. Се роди од родители христијани, кои го воспитаа во Христовиот дух.

Свети Платон никогаш не ја криеше својата вера, па за време на едно гонење беше изведен пред суд. Кога судијата го наговараше да принесе жртва пред идолите за да си го спаси животот, свети Платон му одговори: Има два вида смрт: едната е привремена, а другата вечна; а има и два живота, краткотраен и вечен.

Свети Платон го избра вечниот живот во својот Христос, пострадувајќи за Него во 266 година.

Коронавирус