недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се празнува Св. маченица Харитина: Го предаде својот дух за да ја сочува девственоста

Се празнува Св. маченица Харитина: Го предаде својот дух за да ја сочува девственоста

Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот дух и избра да живее девствен живот.

За време на прогоните на Диоклецијан во третиот век, некојси царски намесник Дометијан ја доведе на суд како христијанка.

Откако го исповеда Христа пред судот и ги посрами идолопоклониците, беше ставена на маки. Најпосле судијата прати некои развратни момчиња да ја осквернат.

Харитина се помоли на Бога да ја сочува нејзината девственост и кога момчињата дојдоа до неа видоа дека таа веќе го беше предала својот дух.

Коронавирус