среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 67
home Живот и стил

Се празнува Св. Григориј Неокесариски Чудотворец, имал големи дарби

Се празнува Св. Григориј Неокесариски Чудотворец, имал големи дарби

Свети Григориј се роди од родители незнабошци. Во младоста ја бараше утехата во елинската и египетската мудрост, но откако се увери во нивната недоволност, се сврти кон христијанството.

Неколку години беше ученик на Ориген, кој го крсти, а потоа се повлече во пустина. Кога сакаа да го постават за епископ на Кесарија, бегаше и се криеше од пратениците. Најпосле, по Божја промисла, беше поставен за епископ.

Господ го имаше надарено со големи дарови: ги гледаше настаните и човечките мисли на далечина, беше невидлив пред гонителите, ги лечеше сите маки и болести. Се успокои во 270 година, во длабока старост.

Како епископ, ја обрати во христијанство цела Кесарија, во која до неговото доаѓање имаше само 17 христијани.

Коронавирус