сабота, 10. април 2021. Вести денес: 66
home Живот и стил

Се прави проценка за нов лек против коронавирус

Се прави проценка за нов лек против коронавирус

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека проценува лек против коронавирус, базиран на антитела, развиен од јужнокорејската компанија Селтрион.

Тоа е трет ваков лек што се ревидира, бидејќи на почетокот на овој месец ЕМА почна со евалуација на лекови базирани на антитела, развиени од американски производители на лекови Ели Лили и Регенерон за употреба кај одредени пациенти болни од коронавирусот.

Европската агенција за лекови соопшти дека нејзиниот комитет за лекови го проценува првиот сет на податоци што ги добила од испитувањето на лекот „регданвимаб“ врз животни и луѓе и порача дека ќе продолжи да ги проучува, како што ќе добива повеќе податоци.  (МИА)

Коронавирус