петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 186
home Живот и стил

Се омажила, родила и неколку дена подоцна починала: Со своите зборови освести многу мајки (ФОТО)

Се омажила, родила и неколку дена подоцна починала: Со своите зборови освести многу мајки (ФОТО)

Мајка која долго време се борела со рак на дојката, починала само неколку дена откако се венчала и породила.

33 годишната Трејси Керс од Хартлепул, морала да оди на предвремено породување од причина што и се вратил ракот на дојката. Сепак, ова породување ги израдувало нејзе и нејзиниот сопруг, бидејќи 35 годишниот Стивен се плашел дека никогаш нема да ја види нивната ќерка.

Како што се наведува, овој пар веќе има син стар седум години, но се венчале девет дена пред нејзината смрт. Таа починала додека се лекувала од породувањето, на градите на својот сопруг.

Трејси стана позната кога отвори блог, преку кој ги охрабруваше мајките кои се борат со туморот на дојката.

Сепак, некои од нејзините постови беа срцепарателни.

-Кажано ми е дека ќе се породам под целосна анестезија, како и дека постои шанса да не го преживеам породувањето. Дали може полошо од тоа? Беше тешко да се гледа Стивен, како можеше ова нас да ни се случи? Ние сме добри луѓе, живееме нормално и не радуваат едноставни работи. Бевме толку среќни кога дознавме дека доаѓа уште еден член на семејството, а сега дознавам дека можеби нема никогаш да го запознам, како ни дека таа нема да успее да се извлече, напишала Трејси.

Таа и Стивен се венчале во болницата Џејмс Кук во Мидслброу, каде се лечела и така ја крунисале својата љубов која траела девет години, додека пак познанството траело уште од основното училиште. Како што изјавил Стивен, Трејси починала на неговите гради.

-Седев на креветот и ја држев во прегратка додека главата и беше на моите гради. Мирно почина, кажал тој.

Коронавирус