сабота, 8. август 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се одбележува празникот на првиот Господов апостол: Среќен именден Андреј, Андреја, Андријана…

Се одбележува празникот на првиот Господов апостол: Среќен именден Андреј, Андреја, Андријана…

Православните верници денеска го одбележуваат празникот на првиот Господов апостол- Свети апостол Андреј Првоповикан.

Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана…

Во народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Свети Андреј, брат на апостолот Петар, бил ученик на св. Јован Крстител. Тој е првиот што го повикал Исус, оттука е наречен Првоповикан.

Првиот Христов апостол св. апостол Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и со неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и е роден брат на св. апостол Петар. Тие биле рибари и ловеле риби во Генизаретското Езеро. Најпрвин св. ап. Андреј бил ученик на св. Јован Крстител, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, оттука и е наречен Првоповикан. Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него. Легендата раскажува дека еднаш додека Андреј и Петар ловеле риби на езерото тука минал Исус и им рекол: „Дојдете со мене, јас ќе ве научам да ловите луѓе“. Оттогаш Андреј е неразделен од Исуса. Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух.

За овој ден врзани се многубројни забрани: Во некои делови не се штави кожа, ниту се прави било што со неа, а некаде пак, не се прави ништо со облеката- за да не се искине. Поради тоа, ни денеска во „модерно време“ не треба да се пегла, пере, усисува, ниту да се прави било што друго поврзано со облека.

Коронавирус