сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Живот и стил

Само за женски очи: Мудри мисли кои мора да ги прочитате

Само за женски очи: Мудри мисли кои мора да ги прочитате

„Никогаш не се расправајте со идиот – тој ќе ве спушти на неговото ниво, а потоа ќе ве докрајчи со своето искуство“, рече Џорџ Карлин.

„Никогаш не фрлајте кон човек со кал. Можеби нема да долета до него и ќе остане на ваши раце“, Дороти Паркер.

„Никогаш не се сомневајте во вашата привлечност. Запомнете: вагата лаже, луѓето завидуваат, а огледалото е целосно искривено”.

„Не се јавувајте на оние кои не ви се јавуваат и не чекајте ги оние кои не ве чекаат“.

„Ако ви рекле дека возот поминал, запомнете дека има и авиони и бродови“.

„Запомнете: добрите работи започнуваат да се случуваат кога ќе се оддалечите од негативните луѓе“.

„Наместо да избришете солзи од вашето лице – избришете ги луѓето од вашиот живот што ве натерале да плачете. Не дозволувајте постапките на другите луѓе да ви го уништат внатрешниот мир“.

„Никогаш не се свртувајте назад – таму е се без промени“.

„Никогаш не се споредувајте со другите. Не споредувајте: здравје, сопруг, деца и плата“.

„Ако на својот пат не најдете еднаков на себе или подобар, продолжете го патот самостојно. Нема пријателство со будали”.