сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Само за романтичните: Овие странски зборови симболизираат бури од емоции

Само за романтичните: Овие странски зборови симболизираат бури од емоции

Понекогаш, зборовите не се доволни за да се изрази љубовта, но постојат и зборови кои многу точно го пренесуваат тоа што го чувствуваме.

Mamihlapinatapai (Yaghan) – гледање еден во друг со надеж дека другата личност ќе понуди нешто што и двете страни го сакаат.

Saudade (португалски) – меланхолична носталгија за некој или нешто од минатото.

Tuqburni (арапски) – буквален превод на „ти ме убиваш“, што значи дека љубовта е толку силна дека не можете да живеете без таа личност.

Forelsket (норвешки) – еуфорично чувство кое го искусувате кога прв пат се заљубувате.

Cafuné (португалски) – кога минувате со прстите низ косата на оној кој го сакате.

Onsra (индиски) – чувството да сакаш некого за последен пат, односно кога знаеме дека љубовта нема да трае.

La douleur exquise (француски) – болката која ја чувствуваме кога сакаме некој кој не можеме да го имаме.

Buksvåger (шведски) – како ја нарекувате личноста со која сте имале секс, откако сте имале секс со неа.

Retrouvailles (француски) – чувството кое го имаме, односно среќата кога повторно ќе видиме личност која долго ни недостигала.

Razbliuto  (руски) – чувството кое го имате кон личност која порано сте ја сакале, но веќе не.

Viraag (хинди) – емоционалната болка која ја имаме кога сме одвоени од саканата личност.

Локални избори 2021