вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 97
home Живот и стил

Сакате здрави да ја дочекате зимата? Ова е најдобриот трик!

Сакате здрави да ја дочекате зимата? Ова е најдобриот трик!

Есента е одамна веќе тука, а со неа тука е и сезоната на настинките и грипот. Секако се препорачува зголемен дневен внес на витамин Ц, но друга работа која исто така може да придонесе за вашето здравје е доволното количество на сон.

Доколку го запоставите спиењето, тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми, особено во претстојниот период.

Претходните студии покажаа дека луѓето кои спијат помалку од шест часа дневно имаат далеку поголеми шанси да се настинат, за разлика од луѓето кои спиеле најмалку седум или повеќе часа.

Оние кои малку спијат имаат намалена отпорност на вируси, а нашиот имунолошки систем бара сон, со цел полесно и поуспешно да се избори против инфекцијата кога сме заразени.

Обичната настинка можеби од почеток нема да се покаже како сериозен проблем, но таа секако ќе влијае врз повеќе сегменти од вашиот живот, па така ќе се одрази и на намалена продуктивност на работа, неможноста за зачестени активности, неможноста за физичка активност и за социјална активност.

Инфекцијата го активира имунолошкиот систем и систематски влијае на организмот и со самото тоа на сонот. Имунолошкиот одговор не само што предизвикува поголема поспаност, туку влијае и за време на самиот сон.

Размислете добро следниот пат кога ќе посакате да украдете време од сонот за да изгледате филм или да завршите некоја обврска. Настинката многу брзо ќе ви затропа на вашата врата доколку не спиете доволно.

Коронавирус