среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакате пуканки? Ја решаваме дилемата околу нив, па проценете сами дали ќе ги јадете

Сакате пуканки? Ја решаваме дилемата околу нив, па проценете сами дали ќе ги јадете

Веројатно сте се запрашале многу пати дали можете да уживате во јадење пуканки без грижа на совеста. Ние ви кажуваме – слободно! Пуканките навистина можете да ги направите за да не дебелеат.

Пуканките се одличен дополнителен извор на влакна, кој недостасува во исхраната денес. Просечниот човек дневно внесува помеѓу 10 и 15 грама влакна, што претставува околу половина од потребната дневна доза, што може да биде сериозен здравствен проблем.

Со консумирање на само 100 грама пуканки дневно, овој недостаток приближно може да се компензира.

Добрата страна на пуканките е исто така ниското ниво на шеќер, натриум и холестерол, односно заситени масти. Загравањето на пченката го зголемува целокупното антиоксидантно дејство.

Сепак, индустриски обработени пуканки често се обложени со разни додатоци на делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, засилувачи на вкус и висок процент на сол, која никако не оди во корист на здравјето и спречување на вишокот тежина.

Значи, пуканките не дебелеат само ако ги подготвите без масло или со минимално количество, како и без сол.