четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Живот и стил

Сакаше да го прослави роденденот со него, а тој ја фрли од осмиот кат: Казната го стигна убиецот на Андреа

Сакаше да го прослави роденденот со него, а тој ја фрли од осмиот кат: Казната го стигна убиецот на Андреа

Ја убил својата поранешна девојка фрлајќи ја од балконот на осмиот кат, а потоа се обидел да исценира дека таа извршила самоубиство. Габриел беше осуден на 20 години затвор откако беше прогласен за виновен за убиството на 23-годишната Андреа Чела во Доминиканската Република.

Габриел и Андреа раскинале одамна, но за нејзиниот роденден повторно се пронајдоа, за жал, во кобната ноќ.

Таа ја заврши врската со него една година пред да биде пронајдена мртва на 31.08.2018 година на тротоарот пред хотелот W&P во главниот град на Доминиканската Република.

Требало да се смират таа ноќ, барем така можеби планирала Андреа, но состанокот за смирување бил кобен.

Тие се качиле на една соба на осмиот кат во хотелот, а безживотното тело на Чела, го пронашол вработениот по неколку часа откако го слушнал ударот. Итните служби притрчале на местото на настанот и очајно се обиделе да ја спасат.

Според локалните медиуми Листин Дијарио, таа планирала да помине три дена во хотел со своето поранешно момче за да го прослави својот роденден.

 

Локални избори 2021