понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 154
home Живот и стил

Сѐ се враќа, сине мој!

Сѐ се враќа, сине мој!

Порано беа, па пројдоа, па повторно дојдоа некои тешки времиња, сине мој!

Откако знам за себе, секогаш тешко се живеело, но порано беше полесно да се живее. Немавме Бог знае што, но срцето беше задоволно со тоа што го има. Срцето беше полно со љубов од кое се раѓаше почитувањето кон луѓето. Таткото беше татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Не треба многу да се зборува, се сѐ знае.

Се повеќе луѓе се мијат со сопствените солзи, затоа што за некои луѓе, среќата е само поим, бајка. Ако мене ме прашуваш, сине, ја долго не сум почувствувал трошка радост и спокој. Сине мој, долго време се немам насмеано до срце. Знаеш, онака „од душа“.

Секако ја нарекував, но не знаев дека требаше да ја нарекувам „животот мој“. Но, сега знам.

Децата ми се добри, да сте живи и здрави! Сите имате свои деца и свои животи. Доаѓате и ме посетувате колку што можете, ми давате колку можете. Тука покрај прозорот седам со часови и гледам некаде далеку, а ни самиот не знам каде.

Но, гледам и чекам и кога ќе ги погледам милите лица на моите деца како да ме огрева сонце. Иако, сѐ поретко ме посетувате. Сите велат дека имаат премногу обврски и постојано се во некој хаос.

Запомни, сине мој, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро ни дал и оставил, а тоа е дека сите сме нечии деца, а утре ќе бидеме и родители. Денес сме млади, а утре стари. Денес сме јаки, а утре слаби. Денес сме здрави, а утре? Кој може да знае. И да, ако има правда, баш тука и се наоѓа.

И јас некогаш бев млад и јак. И јас бев среќен и полетен. И мене мајка ми и татко ми ме чекаат како што и јас сега чекам.

Затоа, не заборавај, сине, сѐ се враќа!

Коронавирус