четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 148
home Живот и стил

Родители, овие работи НЕ СМЕЕТЕ да им ги толерирате на вашите деца!

Родители, овие работи НЕ СМЕЕТЕ да им ги толерирате на вашите деца!

Станува збор за работите кои и тоа како влијаат на тоа какво ќе биде детето кога ќе порасне. За нивно добро некои типови однесување не смеете да им толерирате, па макар и да ви е тешко – не попуштајте.

Бидете особено внимателни ако кај детето забележите вакво однесување:

Ривалство помеѓу брат и сестра

Смирете го таквото однесување така што на своите деца ќе им дадете подеднакво внимание и, ако некој нешто одбие, секако мора и другиот. Објаснете им дека подеднакво ги сакате и казнете го оној кој упорно му подметнува на другиот. Научете ги да ги почитуваат туѓите работи и туѓата приватност.

Склоност кон кражба

Не треба многу да се објаснува дека тоа е лоша навика бидејќи децата тоа го знаат. Некои од нив со тоа само сакаат да привлечат внимание на себе. Учете ги децата да ги делат своите работи со другите и да не бидат себични. Посветете им внимание, повеќе играјте си со нив, разговарајте искрено и без наметнување на свое мислење.

Безобразно однесување кон другите

Тоа никако не се толерира бидејќи води кон подоцнежни проблеми во животот. Тоа посебно се однесува на однесувањето кон родителите. Објаснете му на детето кон другите да не се однесува како што не би сакал тие да се однесуваат кон него. Детето кое не ги почитува родителите и другите околу себе не може да порасне во добар човек.

Лажење

Понекогаш децата лажат поради реакции на родителите. На пример, ако нешто скрши, не покажувајте бес бидејќи тоа може да му се случи на секој. Реагирајте мирно и разумно, па детето нема да има потреба да лаже дека тоа го направило. Исто така, објаснете му дека лажењето не носи добро во животот и дека кога тогаш вистината ќе излезе на виделина. Подобро е да се каже вистината и да се заврши со тоа, отколку да се изговори лага, па подоцна постојано да се стравува дали некој ќе дознае што навистина се случило.

Нетрпеливост и викање

Ако детето сака, на пример, токму во тој момент да го прекинете разговорот со некого и да му се посветите нему, немојте да го направите тоа – особено ако при тоа вика и се дере. Мирно објаснете му дека сега разговарате и дека подоцна ќе си играте. Мора да научи да биде трпеливо и да ги почитува другите.

Себично однесување

Да кажеме, ако нешто работите и имате работа преку глава, замолете ги децата да ви помогнат. Треба да учат дека не е добро да се мисли само на себе туку да им се олесни животот на луѓето кои ги сакаат. Освен тоа, ако заедно нешто завршите ќе имате повеќе време за заедничка игра и дружење.

Се прават дека нешто не гледаат

Важно е од мали нозе да научат да реагираат во одредени ситуации, не да се однесуваат дека не им е грижа за тоа.На пример, ако во училиште видат дека деца некого малтретираат, тоа треба да му го кажат на наставникот. Или, ако некој е скромно сиромашен, никако да не му се смеат туку колку можат да му помогнат.

Коронавирус