вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 135
home Живот и стил

Родители, овие работи мора да ги знаете ако вашето дете е хиперсензитивно

Родители, овие работи мора да ги знаете ако вашето дете е хиперсензитивно

Одгледувањето хиперсензитивно дете знае да биде исклучително напорна и тешка работа.

На надворешниот свет таквите деца им изгледаат драматични и плачливи, но тие  не се такви. Како да се дисциплинираат, а притоа да не им го скршите духот, советуваат неколку разлкични стручњаци.

Поставете границиж

“Иако можеби тоа не е корисно на долг рок, бидете флексибилни, но бидете сигурни дека вашето дете учи како да се биде одговорен и ако премногу му попуштате, нема да биде подготвено да се соочи со реалниот свет”, вели експертот за дисциплина Ејми Морвин.

Одбегнувајте посрамување

“Чувствителни деца се особено чувствителни на засрамување,’Ти си злобно дете’ или ‘Зошто не можеш да бидеш добро дете?’, може да звучи како мала опомена, но на чувствителни деца таквите зборови можат да го урнат нивниот свет”, рече Ребека Ејнс, автор на книгата за позитивно родителството.

Покажете, немојте само да зборувате

“Ако вашето дете се однесува лошо, покажете му со дела што очекувате од него. На што помирен начин кажете му да престане да го прават тоа што го прав. Потоа, почнете да го правите токму она што детето го прави. Веројатно ќе помисли дека сте смешни и ќе разбере колку неговото однесување било претерано. Потоа покажете му го правилното однесување”, вели Ејми Камински, експерт за комуникации.

Бидете партнери

“Чувствителните деца подобро реагираат на барањата ако во вас видат партнер, а не некој што само спроведува строгост. Строга дисциплина може да предизвика контра-ефекти – излив на бес, плач, викање итн. Партнерството со детето вклучува учење на неговите ‘окинувачи’, избегнување на истите и обезбедување на алатки кои детето може да го искористи кога се чувствува преоптоварено со емоции. Стручни луѓе луѓе како психолози и терапевти, исто така, можат да бидат од голема помош во овој процес”, рече Морин Хили, експерт за родителство.

Имајте сочувство

“Кога вашето дете ќе почне да плаче, бидејќи се изгребало, смирете го и кажете му дека ќе помине. Ситуацијата ќе се влоши ако во вашиот глас слушнат гнев или фрустрација.Можете да кажете нешто како ‘знам дека боли, но ќе помине’ или ‘Дали мислиш дека ќе треба да ја измиме гребаницата и да ставиме лед на неа’. Важно е да ги слушате и да ги прифаќате емоциите на детето, дури и ако тие не изгледаат логично”, рече Микеле Крауч, уредник на списанието за родители.