петок, 23. јули 2021. Вести денес: 16
home Живот и стил

Родители, читајте им книги на вашите деца – еве зошто е тоа важно

Родители, читајте им книги на вашите деца – еве зошто е тоа важно

На собир на американските педијатриски академски друштва во Сан Франциско претставено е истражување околу долготрајните позитивни ефекти на читањето во раното детство.

Децата чии родители им читале во првите години од животот развиле побогат речник, подобра писменост и вештина на читање, а резултатите биле прикажани четири години подоцна.

Докторката Каролин Кејтс, водич на овој проект и професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Њујорк, истакнува дека истражувањата се возбудливи, бидејќи укажуваат на тоа дека читањето на младите деца има траен и позитивен ефект на јазикот, писменоста и читањето.

„Она што го учат додека се бебиња дава ефекти четири години подоцна, кога се на чекор од тргнување во основно училиште“, вели докторката Кејтс.

Во истражувањето учествувале мајки и бебиња од државната градска болница, повеќе од 250, а децата биле следени од шестиот месец до четири ипол години старост.

Резултатите биле споредувани со бројот на прочитани книги и бројот на поминати денови на неделата во читање на книги.

Квалитетот на „заедничкото читање“ бил следен со прашања дали родителите разговарале со детето околу книгата додека читаат, дали именувале слики и емоции на ликовите во книгата и дали приказните биле прилагодени на возраста на децата.

Истражувачите откриле дека квалитетот и квантитетот на „заедничкото читање“ во раното детство влијае на богатиот речник на децата до четири години подоцна, пред да тргнат во училиште.

Ако на децата им читаме додека се уште се бебиња, тоа посебно влијае на нивната способност за читање во иднина, а читањето во наредните години значително ја развива писменоста воопшто.

Коронавирус