среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 106
home Живот и стил

Родените во ноември се посебни: Лојални и во љубовта и во пријателствата

Родените во ноември се посебни: Лојални и во љубовта и во пријателствата

Ноември е првиот месец кој ја најавува зимата. Иако често знае да биде студен, сепак луѓето родени во ноември не се такви.

Тие се добри говорници со мека коса и добра волја. Брзо избувнуваат, а уште побрзо се смируваат. Секогаш се борат за правда, а тоа особено го развиваат како деца, во рамките на семејството со своите браќа и сестри.

Фокусираноста и посветеноста се нивни најсилни карактеристики. Кога имаат цел на видикот, тие можат да минуваат многу време во нејзино остварување, несвесни за тоа што се случува околу нив. Лојални се, и тоа не само во љубовта, туку и во пријателствата. Ако им доверите тајна, никогаш нема да им ја откријат на другите. Весели се, вистински забавувачи во друштвото.

Нивната интуиција е нивниот силен сојузник во тешки времиња и кога треба да се донесат важни одлуки. Тоа им помага да ги прочитаат луѓето, но и да ги донесат најдобрите одлуки за себе. Секогаш се подготвени да се справат со животните предизвици, а се и многу храбри личности.

Тие се големи стратези и можат да поминат многу време во планирање. Затоа се и одлични менаџери и шефови.