понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 86
home Живот и стил

Ретка убавина: Неодоливи фотографии од бело бебе ирвас

Ретка убавина: Неодоливи фотографии од бело бебе ирвас

Како нешто што постои само во снежните зимски бајки, ова бело бебе ирвас е екстремно ретко и тешко да се улови, но еден фотограф моментално стекнува светска слава благодарение на фотографиите од него.

Медс Нордсвен бил среќниот фотограф кој искачувајќи се низ планините во околина на Осло, Норвешка, успеал да направи фантастички фотки од блиската средба со ова екстремно ретко, бело бебе ирвас.


-Бев во потрага по планински пејзажи, кога од никаде, пред мене се појави ова прекрасно мало суштество, раскажува фотографот.

Белите ирваси имаат непозната генетска мутација и не се водат како албино животни, бидејќи сепак имаат темен пигмент на очите и роговите.