петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 35
home Живот и стил

Решение за дилемата на сите мајки и татковци: Какви родители треба да бидете?

Решение за дилемата на сите мајки и татковци: Какви родители треба да бидете?

Од воспитувањето на детето зависи какво ќе биде кога ќе порасне.

Педагозите од САД, врз основа на нивните истражувања, сметаат дека постојат три основни видови на воспитување.

1. Авторитативни родители

Авторитативните родители поставуваат строги правила, но во исто време ги почитуваат потребите на децата. Иако секогаш бараат прецизно објаснување за тоа што децата сакаат или бараат, тие се подготвени да ги слушаат и да ги почитуваат нивните мислења.

Експертите велат дека овој пристап е најдобар за тинејџерите. Тинејџерите кои потекнуваат од таквите семејства најчесто имаат свое “јас“, послушни сè и не влегуваат во неволји.

2. Попустливи родители

Попустливите родители не поставуваат никакви правила или ограничувања. Со нив постои силна демократија. Тие се, речиси секогаш, на страната на детето, ги исполнуваат, не само нивните потреби, туку желбите и задоволствата.

Проблемот е што нивните деца не ги доживуваат како авторитети кога ќе пораснат, затоа не ги почитуваат премногу и немаат почит кон другите.

3. Родители кои контролираат

Родителите кои го контролираат секој чекор на нивното дете поставуваат јасни правила и ограничувања, но не ги објаснуваат причините за нив. Не сакаат да го слушаат мислењето на детето, туку сè мора да биде како ќе кажат тие.

Децата кои се воспитани на овој начин имаат највисоки шанси да станат деликвенти, поради потребата да бидат слободни.

Коронавирус