петок, 25. септември 2020. Вести денес: 87
home Живот и стил

Разбиен еден од најголемите митови за храна и здравје

-Наспроти сите совети кои можете да ги прочитате во многу текстови за диети, нашата студија покажа дека не мора да го ограничувате конзумирањето јајца и дека тие спаѓаат во здравата исхрана, вели доктор Фулер, автор на студијата.
Разбиен еден од најголемите митови за храна и здравје

Конзумирањето на дури 12 јајца неделно не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести кај луѓето, покажа неодамнешно истражување.

Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј конечно го разбија митот за конзумирањето јајца и нивното влијание на нашето здравје. Имено, екипата која учествувала во студијата спровела експеримент кој покажал дека јадењето на дури 12 јајца неделно не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај луѓето кои имаат предиспозиции да добијат дијабетес и кај оние кој боледуваат од дијабетес тип 2.

-Наспроти сите совети кои можете да ги прочитате во многу текстови за диети, нашата студија покажа дека не мора да го ограничувате конзумирањето јајца и дека тие спаѓаат во здравата исхрана, вели доктор Фулер, автор на студијата.

Фулер додава дека јајцата се извор на протеин и микронутриенти кои го поддржуваат нашето здравје – видот, работата на срцето, крвниот притисок итн.

Коронавирус