петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Живот и стил

Раскинавте со долгогодишниот партнер – како да продолжите понатаму?

Раскинавте со долгогодишниот партнер – како да продолжите понатаму?

Правевте планови како ќе го поминете животот заедно, но работите тргнаа наопаку. Да ја заборавите саканата личност е еден од најтешките предизвици со кои ќе се соочите.

Доколку во моментот поминувате низ оваа фаза, треба да си ги поставите следните прашања пред да продолжите понатаму.

„Дали сум одговорна за своите постапки“?

Преземањето на одговорноста е важен чекор во секој однос, особено ако е еден од проблемите во врската. Тоа ќе ви укаже дека е еден од проблемите. Мора да бидете потполно присутни во сегашноста и да ги почитувате другите, доколку сакате да ве почитуваат и вас.

„Дали сè е како што требало да биде“?

Никој и ништо не е совршено, но доколку си објасните дека во вашата врска имало повеќе тажни отколку среќни моменти, тоа ќе ви помогне да не тагувате и да сфатите дека вашата вистинска среќа допрва доаѓа.

„Дали се почитував себеси во врската“?

Многу често, во љубовните врските правиме компромиси поради партнерот и го прилагодуваме неговиот живот на нашиот. Запрашајте се дали сте мислеле на вашите желби и дали сте се ставале себеси на прво место? Ако некој од овие одговори е негативен, ќе сфатите дека раскинувањето било неопходно.

„Што сега“?

Откако ќе го изговорите ова прашање, ќе сфатите дека пред вас е сосема нов свет на можности и слобода, време е да престанете да мислите на минатото и да ги отворите вратите на сегашноста.